Тепачка помеѓу двајца мажи во Градско

Портпаролот на велешката полиција, Верољуб Додевски известува за физичка пресметка помеѓу двајца мажи во текот на изминатото деноноќие.

Како што истакнаа надлежните, настанот е пријавен во полиција вчера, во 18.00 часот.

 „На 12.09.2021 околу 18.00 часот во СВР Велес, Ј.К.(33) од Градско пријавил дека на ул.„8-ми Септември“ во Градско бил физички нападнат од Г.С.(24) од с.Тимјаник, неготинско. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во соопштението на Секторот за внатрешни работи – Велес.

13.09.2021 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега