Тепачка меѓу две групи во Скопје - приведени четири лица

 

Во полициска станица во Скопје, вчера пријавено дека околу 18:00 часот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи.

Со брза интервенција на полициски службеници двете групи биле разделени. 

Во врска со настанот во полициска станица биле приведени лицата А.А. (19), Ќ.И. (22), Ј.О. (21) и Е.З. (17), сите од Скопје. 

По целосно докуметирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени оодветни поднесоци.

 

 

 

 

16.04.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа