Тепачка меѓу албански државјани - маж заврши на Клиника

 

Вчера во 23:30 часот во Полициското одделение Галате, П.Х. од Република Албанија пријавил дека во куќа во која престојувале привремено во село Неготино настанала физичка пресметка помеѓу А.Х.(29) и Ф.П.(46), двајцата од Република Албанија.

Според пријавеното, А.Х. го турнал Ф.П. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото. А.Х. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега