Тензична атмосфера: Обид за насилна смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата, пренесува Канал 5.

Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува  дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница со адреса „Чаирска 1000″.

И претходно имало обиди за смена на  Сулејман Реџепи, но истите завршиле  неуспешно.

Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега