УХМР ги измери темперарутите во градовите низ Македонија, а мерењата покажуваат дека не чеа постуден ден.
Според синоптичарите, денеска, вторник, 27.10.2026, најстудено е на Попова Шапка каде температурата се спушти два степени под нулата во седум часот.
И во Лазарополе ова утро се измерени -2 степени во седум часот.
Гевгелија со 11 степени како и секој ден, така и денеска е најтоплото место во Македонија.
Во Скопје ова утро во седум часот УХМР измери само 6 степени.
Воедно, УХМР во својата табела ја покажува и количината на дожд кој наврнал изминатото деноноќие.
Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со услови за врнежи од дожд во северните делови на земјата. На повисоките планини дождот ќе преминува во повремен снег.
Ќе дува умерен до засилен, а на места и повремено силен ветер од северен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 9 до 17 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, со можност за дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 13 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време. Врнежи од дожд се можни во северните делови, а на повисоките планини и снег. Умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер, ќе го одбележи времето во текот на денот.
Во петок и за време на викендот повторно се очекуваат услови за врнежи.