Температурите паднаа - УХМР најавува есен среде јули

Повторно се расипа времето во Македонија, следи тмурно време, облаци и дожд, како и пад на температурите.

Денеска не очекува претежно облачно време со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи, ветер, и УВ индекс 5.

Дневните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега