Темни облаци и дожд - УХМР најавува промена на времето од утре

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од три до 13 степени,

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 11 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Маврово – 17 литри на метар квадратен, а таму утринава и минималната температура се симнала еден степен под нулата. Во останатите градови низ државата минималните температури се над нулата. 

Во недела и почетокот на идната недела ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега