Темературите во благ пораст, но сепак облаци и дожд

До крајот на денов кај нас ќе се задржи претежно облачно време. Ќе има и локални послаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, соопштува метеорологот Слачо Попоски.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени. Во следните неколку денови ќе се задржи претежно облачно време. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни, особено во јужните и во југоисточните предели.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури и натаму ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега