Тело на мртов маж пронајдено после девет години во неговиот стан во Осло

Телото на еден човек е откриено во стан во Осло, девет години по неговата смрт, објави норвешката полиција.

Телото било откриено од домар во декември, пренесува „Гардијан“.

Мажот чиешто тело е пронајдено имал 60 години, бил оженет неколку пати и имал деца. Соседите рекоа дека тој бил повлечен и дека кога престанале да го гледаат, помислиле дека се преселил или бил сместен во институција.

Телото е пронајдено кога домарот побарал од полицијата да го отвори станот за да може да изврши работи за одржување.

Полицијата верува дека мажот починал во април 2011 година, врз основа на амбалажата од млеко и писмото пронајдено во неговиот стан. Обдукцијата покажа дека смртта настанала по природен пат.

Исплатата на неговата пензија била суспендирана во 2018 година, кога властите не можеле да стапат во контакт со него, а сметките сè уште автоматски се плаќале од неговата банкарска сметка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега