Телеком го прави Скопје паметен град

Македонски Телеком ја најави финалната фаза на проектот Скопје паметен град, кој почна во март годинава. Преку иновативна и напредна технологија, главниот град ќе добие поздрава животна средина, намалување на трошоците, подобри услуги и подобра комуникација со граѓаните, поголема безбедност, а со тоа и поквалитетен живот.

За развојот на паметни градови потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија „Теснопојасен интернет на нештата“ (Narrowband Internet of Things), со која Македонски Телеком го потврдува технолошкото лидерство на пазарот. Оваа технологија  претставува основниот комуникациски протокол преку кој се овозможува поврзување со  апликациите и функционалностите за паметен град. Кога еднаш е поставена, платформата нуди голем потенцијал и многу можности. Со надградбата на мрежите и доаѓањето на новите технологии, како што е 5G, овој потенцијал сè повеќе ќе се зголемува.

На оваа интегрирана платформа, во оваа фаза ги имаме имплементирано следните елементи за Скопје паметен град: 10 000 паметни светилки и систем за паметно осветлување, сензори за паметен паркинг, сензорни станици за следење на микроклиматските параметри, уреди за мерење на потрошувачката на вода, интерактивна мобилна апликација и паметни столбови за изградба на паметна мрежа. Бројот на овие уреди со тек на време ќе се зголемува.

„Паметните градови се следната фаза во урбаната еволуција, пример за користење на технологијата за подобар живот на граѓаните. Технологијата ќе биде алатка со која ќе можеме да ги надминеме предизивиците на денешницата.  И нашиот главен град влегува во друштво на светските паметни метрополи и за многу брзо време сите ќе ги почувствуваме придобивките. Реализацијата на овој проект го позиционира Телеком не само како технолошки лидер, туку и како предводник на долгорочни општествени промени, на што сме особено горди “ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Со проектот е предвидена и интерактивната мобилна апликација „Мое Скопје“ која ќе служи за комуникација и информирање на граѓаните.

„Мое Скопје” ќе донесе сосема ново ниво на интеракција и информираност. Во оваа фаза апликацијата ќе им понуди на граѓаните: информации од сферата на градскиот живот, настани, случувања и новости, анкети, пристап до апликациите и сервисите на градските институции и преглед на паркинзите на Град Скопје. Во следната фаза, ќе се надополни со содржини за сообраќајот и јавниот превоз, а ќе може да се пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми. „Мое Скопје“ е иновативен, информативен и интерактивен канал за комуникација со граѓаните.“ – изјавија од Град Скопје.

Македонски Телеком придонесува за успешноста на проектот и преку моделот на финансирање, што е уште еден показател за посветеноста на компанијата кон општествено одговорни практики. Градот ќе го исплаќа надоместокот за оваа инвестиција во наредните три години и тоа од заштедите од електрична енергија, кои ќе ги постигне со паметното осветлување. Скопје паметен град ќе донесе над 60% заштеда на електрична енергија и 70% заштеда на трошоците за одржување, намалување на емисиите на CO2 во воздухот, подобра инфраструктура, побезбедни улици, ефикасно користење на ресурсите, поквалитетен живот и подобра животна средина.

 

01.10.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега