Тела на две бебиња пронајдени во замрзнувач во семеен дом во францускиот департман Горна Сон, а една жена била уапсена во врска со случајот, објавија француските медиуми.
Двете бебиња биле пронајдени во вторник во куќа во градот Авилерс-ет-Лијамон, изјави извор близок до истрагата, според BFMTV.
Таткото (50) го открил првото бебе во замрзнувачот, а потоа ја известил полицијата, која, по пристигнувањето на местото на настанот, го пронашла телото на второ бебе на истото место.
Потоа полицијата започна потрага по неговата партнерка.
Жената, чија врска со двете новороденчиња е непозната, беше уапсена вчера во Булоњ-Бијанкур, објави францускиот телевизиски канал.


