Тексас: Петгодишно дете почина во автомобил - мајка му го заборавила додека правела забава

 

Петгодишно дете од Тексас починало во вжештен автомобил, откако мајка му по грешка го оставила таму три часа.

Мајката наводно мислела дека нејзиниот син е во куќата, но откако ја пребарала отишла до автомобилот пред нивната куќа и таму го пронашла детето веќе починато.

Вчера попладне мајката побрзала дома бидејќи подготвувала роденденска забава за своето второ дете, 8-годишната ќерка, а се верува дека не сфатила дека момчето се уште е во автомобилот.

Дури по два-три часа забележала дека нејзиниот син го нема, а потоа дошла до трагично откритие во автомобилот, соопшти полицијата во Тексас.

21.06.2022 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа