Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за настраданите во бурата во Флорида
Американската пејачка Тејлор Свифт донираше пет милиони долари за да им помогне на оние во Флорида кои се соочуваат со урагани, пренесува „Пејџ сикс“.
„Ние сме неверојатно благодарни на Тејлор Свифт за нејзината дарежлива донација од 5 милиони долари за борба со последиците од ураганите Хелена и Милтон. Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и закрепнат, обезбедувајќи им на луѓето основна храна, чиста вода и залихи. Заедно можеме да им помогнеме на семејствата да се справат со предизвиците што претстојат. Тејлор, ти благодариме што си со нас во ова и фала ти што им помагаш на заедниците“, изјавија од непрофитната организација „Хранејќи ја Америка“, која има мисија да стави крај на луѓето кои се соочуваат со глад во земјата.
Свифт, која неодамна стана најбогат женски музичар во светот со нето богатство од 1,6 милијарди долари, следната недела треба да замине за Јужна Флорида за да ја продолжи својата турнеја „Eras“.
Ова би требало да бидат нејзини први концерти на распродадената турнеја откако направи пауза по долгиот престој во Европа. Засега нема најави за одложување на настапите во Мајами кои се закажани за следниот викенд, од 18 до 20 октомври.
Инаку, Флорида ѝ е драга на пејачката и дури ја има песната „Florida!!!“ на албумот „The Tortured Poets Department“. Исто така, пејачката своевремено и живееше таму.
Се предвидува дека ураганот Милтон ќе има катастрофални последици. Ураганот Хелена веќе предизвика голема штета и однесе повеќе од 230 животи, пишува „Пејџ сикс“.
Ова не е првпат Свифт да помогне во природна катастрофа. Минатата година помогна во Тенеси, кога пејачката донираше милион долари за помош на жртвите по разорната бура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа