Тажната судбина на бабата Марија: Го изгубила семејството а сега е сурово казнета со 300 евра- се огласил и грчкиот министер (ВИДЕО)

Животот бил прилично суров кон бабата Марија (80) од Ламија во Грција, за која пишуваат локалните медиуми веќе неколку дена.

Имено, таа доби казна од 300 евра затоа што „неосновано“ останала надвор и со тоа ги прекрши мерките против коронавирусот.

Оваа старица веќе неколку години продава плодови од нејзината градина на улица. Наводно, полицијата била повикана од жена која тврдела дека  бабата нема дозвола за тоа. Кога пристигнала полицијата, ја казниле бабата со 300 евра, но како јавноста бурно реагираше, па се огласи и министерот за финансии, Христос Стајкурас, по што казната беше поништена.

"Жвотот ми е многу тежок. Ви благодарам на сите што ме разбираат и застанаа покрај мене. Не сакам пари. Ќерка ми живее далеку од мене, со своето семејство. Немам никој близу мене, се обидувам да направам што можам сама “, рече Марија.

Инаку, бабата Марија изгубила две деца, а подоцна и нејзиниот внук во три различни сообраќајни несреќи.

Не можела да се помири со смртта на нејзиниот внук, па отишла на гробиштата и испила пестицид, пренесуваат грчките медиуми.

За среќа, таа била брзо пронајдена и пренесена во болницата, каде лекарите на интензивна нега успеале да и го спасат животот.

Како што рекоа лекарите во тоа време, единствениот лек за бабата било да излегува надвор, со цел некое време да ја заборави својата несреќа.

"Не можам да останам дома. Таму има слики на мртви", рече таа.

„Јас не ги продавам овие производи за пари, само сакам да излезам, да видам луѓе, за да не полудам“, рече старицата за  Ламиа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега