Тажна вест: Славниот актер почина на 45-годишна возраст

Австралискиот актер Дитер Брамер, најпознат по улогата на Шејн Пeриш во ТВ-серијата „Дома и далеку“ (Home And Away), почина на 45-годишна возраст.

Брамер беше пронајден мртов во една куќа во Сиднеј во саботата од полицијата на Нов Јужен Велс, која реагираше на повик за социјална помош.

Полицијата соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Во изјавата во понеделникот, семејството на Брамер наведе: „Го изгубивме нашиот убав, талентиран, смешен, комплициран и сакан Дитер. „Неговата смрт остави огромна празнина во нашите животи, и нашиот свет никогаш нема да биде ист“, додаде тој.

„Нашите мисли се со сите вас кои го познававте, го сакавте или работевте со него низ годините.“

Брамер стекна голема популарност во текот на 90-тите години со австралиската ТВ-драма серија “Дома и далеку“, во која глумеше во периодот меѓу 1992 и 1996 година.

ТВ-мрежата Seven Network, која ја емитува серијата, соопшти дека се длабоко натажени од веста.

„Дитер беше многу сакан член на актерската екипа на Home and Away и беше прославен од австралиската и меѓународната публика“, се вели во соопштението.

27.07.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега