Тажна вест: Почина познатиот македонски поет и романсиер

Утрово, понеделник 11.02.2019 година, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско).

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002).

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“. Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега