Тажна вест од Англија: Почина голманот кој ја изрежира „одбраната на векот“

Англија ова утро се разбуди со една навистина тажна вест, бидејќи медиумите од оваа земја ја пренесоа веста за смртта на Гордон Бенкс, човекот кој беше симбол за голманската позиција на англиската фудбалска репрезентација во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Оваа жална вест ја зави фудбалска Англија во црно бидејќи незаборавниот чувар на мрежата го бранеше голот на „гордиот албион“ во историскиот подвиг и освоената светска титула во 1966 година.

– Со голема тага објавуваме дека Гордон почина мирно во текот на ноќта. Многу сме тажни што го загубивме, но имаме толку многу прекрасни спомени, не можеме да бидеме погорди што го имавме долги години крај себе, – гласи соопштението на семејството Бенкс.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега