Тажна слика во Франција: Огромен број угинати делфинина брегот (ВИДЕО)

„Телата на мртвите делфини се појавија на францускиот атлантски брег во толку голем број што сме загрижени за локалната популација на овие цицачи“, велат морските биолози во Франција.

Според сознанијата на експертите, повеќето од нив се задавиле во мрежите за риболов. Аутопсиите покажале скршеници, скршени перки и опашки и длабоки исеченици, најверојатно предизвикани од мрежите.

„Постигнавме стапка на смртност кај делфините што се заканува за опстанокот на нивната популација во заливот Гаскони“, вели морскиот биолог Морган Пери за Ројтерс.

„Во последните три години, секоја зима во период од четири месеци најдовме повеќе од 1.000 мртви делфини“, додаде тој.

Обичните делфини се најтешко погодени. Научниците веруваат дека делфините што се наоѓаат на плажите се само мал дел од оние што умираат во мрежите за риболов крај брегот на Франција. Тие проценуваат дека вистинскиот број на овие мртви животни е пет до 10 пати поголем.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега