Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација

    18.09.2025 во 17:55

    Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

    18.09.2025 во 17:41

    СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    18.09.2025 во 17:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација
    • Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи
    • СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата
    • Бети Стаменкоска Трајкоска: Отворен разговор за заедницка иднина
    • Работник од Турција повреден на градилиште на автопатот Гостивар – Кичево
    • Тешко повредена 14-годишна малолетничка, со мотоцикл излетала од пат
    • ФОТО: Во „пежо“ натовариле бронзена биста од гробиштата во Бутел – полицијата ги „фати живи“
    • МВР откри голема шема за регистрација на возила: Паднаа 11 лица, меѓу нив полицаец и контролор на технички преглед
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација

    ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација

    18.09.2025 во 17:55Updated:18.09.2025 во 17:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обвинувањата од СДСМ, нарекувајќи ги лицемерни и потсетуваат дека токму СДСМ ја партизирала администрацијата до крајности за време на своето владеење.

    „СДС се тие кои членската книшка ја изедначуваа со лична карта, а граѓаните за вработување ги повикуваа прво да се јават кај претседателите на општинските организации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според нив, СДСМ тешко се помирува со тоа што институциите почнаа да се консолидираат и функционираат по ред и поредок, за разлика од, како што велат, хаосот кој тие го оставиле по седум години владеење.

    „СДС не се навикнати да има систем во државата, не се навикнати институциите да ги водат стручни и професионални кадри. Тие се навикнати сè да се одлучува во партија и секое работно место да оди преку партиска врска“, стои во реакцијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на примерот со пратеник од СДСМ кој, на јавен собир, членската книшка на партијата ја изедначил со лична карта, како и на повиците на општински организации на СДСМ преку официјални канали каде граѓани биле повикувани да се јават во партијата пред да се пријават на конкурси за вработување.

    „Тоа е нивниот начин на функционирање – вработување преку партија, а не преку заслуги, образование и стручност“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според нив, отпорот на СДСМ кон тековните реформи во администрацијата е резултат на стравот дека времето на партиска држава завршува.

    „Сега им пречи што конечно ќе се вреднува знаење, професионализам и ефикасност, наместо партиска припадност. Тоа е вистинска департизација, а не она што СДС го пропагираше додека ги полнеше институциите со свои кадри“, велат од партијата.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација

    18.09.2025 во 17:55

    Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

    18.09.2025 во 17:41

    СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    18.09.2025 во 17:15

    Бети Стаменкоска Трајкоска: Отворен разговор за заедницка иднина

    18.09.2025 во 17:11
    последни вести
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: СДСМ се последни што можат да зборуваат за департизација

    18.09.2025 во 17:55
    Македонија

    Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

    18.09.2025 во 17:41
    Политика

    СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата

    18.09.2025 во 17:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.