„ТАВ Македонија“: Немаме планови или намери да влегуваме во бизниси различни од аеродромското работење

Во врска со вестa објавена денеска, на 24.11.2022, со споменување на ТАВ во текст за ЈСП, би сакале да изјавиме дека ТАВ Македонија нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење. Ова е потенцирано во соопштение на ТАВ Македонија испратено до медиумите.

„Како компанија која котира на берза, ние сме транспарентни при секоја комуникација за стратегијата и идните планови. Оттука, бараме коректно медиумско известување без ширење на неосновани гласини кои можат да му наштетат на угледот и репутацијата на нашата компанија“, се додава во нивното соопштение.

24.11.2022 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега