Таткото на Тамара: Не можев да се смирам, таа е за мене морален победник

Тамара плаче таму, а јас плачам три дена овде во Скопје кажа во интервју за тв 24 таткото на Тамара Тодевска, инаку и самиот музичар.

Тој вели Тамара за него е морален победник.

„Таа за мене е морален пробедник. Од три минути направи симфонија, вибратото беше виолинско, нејзиниот глас кадифен, имаше градација во мелодијата. Нејзината емоција се покажа и со солзите на крај. Значи како што кажав на почетокот, она за мене е морален пообедник. Солзите беа присутни два дена и на полуфиналето и на главната вечер, не можев да се смирам“, раскажа професорот гордо за својата наследничка и додаде дека победничката песна на Евровизија треба да ја избира само стручното жири, како најкомпетентно.

„Јас имав многу солистички концерти во животот, сум свирел и во концертна сала во Виена, таква треба, таква возбуда не сум имал додека Тамара пееше, а особено кога се броеја гласовите од цела Европа, тоа беше за мене најголемото доживување и најголемото задоволство кога слушнав дека Англија ни дава 12 бода, Швајцарија, Хрватска, значи жири-комицијата го направи тоа. Мислам дека на Евровизија не требаат гласовите на публиката. Треба таа жири-комисија, односно стручните да кажат која песна беше најдобра на Евросонг. Како што беше гласањето, ние бевме 41 минута први на ранг листата. Последната значи Словенија ниеден, Грција еден бод и Израел ни еден бод, па паднавме на второто место“, изјави Велко Тодевски во интервјуто за ТВ 24.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега