Таткото на момчето од Србија претепано во Хрватска: „Дојде дома крвав и расплакан, го шутирале додела бил на земја“

Таткото на 17-годишникот повреден при нападот на гостите во кафулето кај Книн, вели дека го пуштил синот да го гледа натпреварот на Црвена Ѕвезда во кафулето во близина на домот, а дека синот му се вратил крвав и преплашен.

Сопственикот на кафулето чии гости биле нападнати верува дека се било испланирано однапред.

„Јас бев дома, детето праша дали може да оди да го гледа натпреварот и јас го пуштив. После дојде крваво, расплакано...Кажа да заклучиме се дома, дека ќе дојдат да не истепаат и нас“, раскажал таткото на детето.

Како што навел, неговиот син седел до вратата од кафулето кога упаднале маскираните напаѓачи. Добил удар во глава, паднал на под, а додека лежел некој го удирал по грбот.

Кога синот раскажал што се случило дома, таткото отишол до кафулето, но доека стигнал таму веќе немало никој.

Згрозен од инцидентот, таткото на нападнатиот тинејџер рекол дека во општина Бискупија кај Книн живеат веќе 15 години и дека ова е прв инцидент на национална основа откако се таму.

Petko

Сопственикот на кафулето Борис Петко вели дека во локалот упаднала непозната група момчиња.

„Луѓето влегоа на брзина со фантомки и шипки. И тука настана општа тепачка. Летаа чаши, шишиња, столчиња, маси....Жените и децата врескаа“, раскажал сопственикот на локалот за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега