Таткото на Боки13: Попот многу сака да пишува на Фејсбук, лаже дека ми дошла пола Влада

По денешното признание на вина на Миле Јовановски, таткото на Боки 13, за физички напад на попот Виктор Стојчев, пред Судот кажа дека добивал закани.

-Господинот сака многу да пишува на фејсбук. Откако е уапсен Бојан пишува дека кај мене дошла пола Влада, пола обвинителство, суд, амбасадори, рече обвинетиот Јовановски, пренесе Фокус.

Тој сакаше да посведочи за провокациите и навредите кои наводно попот ги упатил кон неговиот син Боки 13 и тоа на големиот празник Божиќ, по што следувала физичката пресметка, но тоа право му беше ускратено поради признанието на вина, поради што не се изведуваа, ниту доказите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега