Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот

Таткото на Боки13 кој е во затвор за случајот Рекет, Миле Јовановски, денеска во Суд призна дека е виновен и дека го натепал попот Виктор Стојчев на Божиќ, 2017 година.

- „Го признавам целосно делото”, рече Јовановски пред судот откако прво рече делумно дека го признава делото, пренесе Mакфакс.

Попот Виктор Стојчев рече дека ќе бара отштета од таткото на Боки 13 во граѓанска постапка и дека се приклучува кон кривичниот прогон.

Обвинителката Имран Османи го образложи обвинението и рече дека настанот се случил во ноември 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило. Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници. Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира. На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

Пресуда за случајот ќе има во понеделник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега