Таткото на 19- годишниот Душко кој крвнички беше претепан, со емотивна порака се прости од него (фото)

19- годишниот Душко пред два дена ја загуби битката со животот, откако крвнички беше претепан во пресметка на две навивачки групи во Србија.

Несреќното момче е тешко повредено во пресметка помеѓу навивачки групи а причина за тепачката наводно бил графит кои го нацртале едните, со што ја испровоцирале другата навивачка група.

Момчето е удирано со метална шипка по глава и тело, а по приемот во болница падна во кома во која бил се до 14 јануари, кога починал.

Според неофицијални информации Душко го бркала група од неколку момчиња од кои се обидувал да побегне со автомобил, но насилниците го стигнале и го извадиле од атомобилот, а потоа крвнички го претепале.

На социјалните мрежи со емотивна порака се простија од Душко неговите родители.

„Ни беше нешто најмило, се надевам дека таму горе ќе ти биде подобро. Те сака тато многу, почивај во мир, сине мој“ напишал таткото на Душко на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега