Таткото го прашал синот каде е мајка му, а тогаш е откриен сиот ужас- Никола ја закопал мајка си во дворот

Никола Ф, 24- годишник од Бачко Градиште бил уапсен поради сомнение дека минатата година во дворот ја закопал својата мајка Душица.

Морничавата приказна е откриена откако таткото на Никола, кој од 2017 година живее во Германија, почнал да ја бара сопругата за да се разведат и да се ожени со друга.

- Го прашал синот каде е мајка му, но Никола одговорил дека таа починала во болница во Нови Сад и дека не отишол по телото и не знае каде е закопана.Исто така зборувал и на соседите деја Душица починала во мај минатата година и дека ја погребал во Кула, а носел и црно- раскажува извор.

-Татко му ги замоли соседите да одат и да проверат каде е неговата сопруга погребана и да земат извод од тична книга на умрени, па тогаш дозна дека Душица се уште се води како да е =ива.Инспекторите брзо дојдо кај Никола и почнаа да го испрашуваат- навел изворот.

Никола наводно признал дека мајка си ја погребал во дворот бидејќи немал пари за погреб, па ја замотал во ќебе и ја закопал во дворот.

-Уапсен е во вторникот, а телото е откопано и однесено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Се проверува дали можеби е убиена или починала од природна смрт. Иако таа била изчезната од март минатата година, никој не пријвил бидејчи соседите мислеле дека поради болеста се вратила во родниот крај- открил извор близок до истрагата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега