Таткото го чуваат за да не изврши самоубиство, а мајката може да го загуби бебето- момче ја зави во црно целата фамилија

Никола Марковиќ кој во понеделникот вечер се самоуби пукајќи со со пиштол во глава, вчера беше погребан во селото Негосавље, а на последното испраќање во вечниот дом присуствувале сите жители на селото.

-Не паметиме дека вакво нешто досега се има случено. Цело село е завиено во црно, рекол пред медиумите претседателот на месната заедницаМедвеџа и истакнал дека родителите на момчето се во многу тешка состојба.

-Мајката е во 7-ми месец бремена, лекаррите се цела ноќ со неа и ја чуваат  за да не го изгуби бебето. Полицијата дежура и пред нивната куќа, се стравува дека и таткото може да посегне по својот живот.Ужасно е каква трегедија го погоди ова семејстви- рекол Филиповиќ.

Потсетуваме дека малиот Никола од Србија се самоубил поради критики  кои ги трпел од родителите поради лоши оценки, а тоа го напишал во писмо кое било пронајдено покрај неговото тело. Во моментот на самоубиството тој бил сам дома, а го искршил орманот каде што се наоѓал пиштолот кој таткото го поседувал легално.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега