Татко претепал малолетник во Скопје, бидејќи се расправал со син му - момчето однесено на Клиника

Четиринаесетгодишен скопјанец синоќа бил физички нападнат во паркот во населбата Ѓорче Петров од страна на повозрасен маж.

Причината за нападот, според пријавеното, било недоразбирање, кое настанало помеѓу малолетникот и синот на напаѓачот.

Момчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде што му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега