Татко од САД ги убил своите пет деца, телата ги ставил во торба па ги возел 9 дена во автомобилот

Мајка на пет деца, кои нивниот татко од САД ги убил, бара смртна казна за него.

Амбер Кајзер, на судење во Северна Каролина, рекла дека убиецот Тим Џонс, дека не покажал никаква мисост спрема децата, но таа секако го сакала.

Џонс е осуден за убиство на петте деца кои имале од една до осум години, во својот дом близу Лексингтон на 28 август 2014 година.

Портата има намера да го осуди на доживотен затвор или смртна казна.

-Знам низ што поминале моите деца, како мајка би му го откинала лицето. Тоа е мајката во мене“ рекла Кајзер на судењето.

Додала дека цел живот била против смртна казна, но сега кога би можела сама да бира лично би го „спржила“ на еклектрична столица, но сепак остава на судот да одлучи.

Се запознале во 2004 година и само после шест недели се омаѓила за него. Заедно работеле во забавен парк во близина на Чикаго. Меѓутоа работите тргнале на лошо кога поради тоа што Џонс бил многу религиозен не ја пуштал жената да излезе од дома, мислел дека треба дозвола за да излегува или да зборува.

Се развеле после 9 години, а тој добил старателство над децата бидејќи во меѓувреме заработувал многу повеќе од неа.

Ги гледала децата секој викенд.

Тој полудел кога видел дека 6-годишниот Нејтан како си игра со штекерот, па се налутил и го убил, а потоа одлучил да ги задави и останатите четири деца. Телата ги ставил во пластична кеса па во неговата спортска торба и ги оставил во автомобилот.

Таму понминале 9 дена пред да се ослободи од нив во рурарниот дел на Алабама.

Уапсен е откако го стопирала полиција и поќчувствувала чуден мирис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега