Татко на 6 деца починал на плажа во Северна Каролина - си играл со децата кога бран му го скршил вратот

Татко на 6 деца загинал на плажа во Северна Каролина откако го удрил бран, по што си го скршил вратот, објавила на Твитер неговата сопруга.

37-годишниот Ли Дингл си играл со трите деца на плажа во четвртокот кога бил силно удрен од бранови, јавува Си-Ен-Ен.

Јачината на ударот му го скршила вратот, од што грлото толку му отекло што мозокот останал без воздух предолго за да закрепне. Починал во болница ден подоцна и покрај обидите на лекарите да биде спасен.

„Мојот пратнер, мојата љуов и мојот дом починаа денеска во луда несреќа“, рекла неговата сопруга Шенон Дингл.

„Се запознавме кога имав 18, а тој 19 години и оттогаш сме заедно. Не очекував дека од него ќе се збогувам на 37 години. Н езнам како е да се биде возрасна личност без него, но ќе научам. Само би сакала да не морам“, рекла таа.

Спасувачката служба на Оак Ајленд потврдила дека итната помош била повикана веднаш после несреќата, но тогаш веќе било предоцна.

Дингл бил претседател на градежна фирма во Северна Каролина, која се занимавала со структурални проблеми и други видови оштетувања на згради. Бил именуван за претседател две недели пред смртта.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега