Татко монструм: Своето бебе го фрлил од мост во река, па ладнокрвно заминал во паб на пиво

Единаесет месечно бебе е убиено во Манчестер од неговиот татко, 22- годишниот Зак Бенет.

Тој детето го ставил во транспортер и го фрлил од мост во река,а потоа ладнокрво заминал во најблискиот паб на пиво.

Сведоците кои се нашле на лице место биле шокирани откако го виделе околу 16:30 часот како поминува преку мостот, носејќи бебе во транспортер и го фрла од мозт во реката.

Полицијата некако успеала да го извлече детето по неколку стотина метри додека се уште било живо, но во болница тоа починало.

Барменот во пабот каде тој го испил пијалокот рекла дека, тој дошол порачал пијалок, но немал пари да го плати.

„Кога кажаа дека има бебе во водата сите станаа на нозе а тој седеше и не мредна, на муштериката до него и рече дека тој го фрлил бебето откако се скарал со бремената сопруга. Сите беа на нозе освен тој. Седеше и мирно гледаше, раскажал барменот.

Бенет е уапсен и отворена е истрага против него, а жителите ужаснати од несреќата носат играчки и плишани мечиња на местото на убиството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега