Ташковски до Димковски: Зошто на протестот употребивте вооружени полицајци против земјоделците

Зошто на протестот, господине министре, употребивте вооружени полицајци против земјоделците? Ова прашање го постави Стојче Ташовски, земјоделец од Лешово до министерот за земјоделство Трајан Димковски во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Димковски посочи дека тоа е проценка на министерството за внатрешни работи со кое што раководи Оливер Спасовски.

За потсетување на јавноста, земјоделците на 26-ти октомври протестираа пред Владата поради лошиот третман од страна на Владата на СДСМ и министерот Трајан Димковски.

Но, патот им беше попречен од наоружените специјалци, а земјоделски производи им завршија пред мостот „Гоце Делчев“, каде полицијата им го попречи патот.

По получасовната блокада земјоделците го поминаа полицискиот кордон и се упатија кон Владата од каде и порачаа на власта дека веќе не можат да ги трпат нивните катастрофални политики во земјоделството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа