Таравари за пукањето вчера: Што има да протестираат таму каде што живеат Албанци

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците во интервју за „ТВ24“ кажа што мисли за вчерашниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“.

Таравари смета дека инцидентот е провокација поради тоа што протестот се одржал пред населба во која генерално живеат Албанци.

„Јас ги разбирам демонстрантите од македонските партии, тоа е легитимно, но не ми е логично да има протести пред приватен хотел и населба каде што живеат генерално Албанци, тоа е провокативно. Ако ги видите видеата, не е дека не протестираат таму, хотелот една вечер претходно беше демолиран од демонстрантите и тоа е пријавено во полиција. Јас не оправдувам оружје, но мислам дека кога некој се однесува вандалски, тогаш сите сме луѓе и сите би реагирале“, вели Таравари.

07.07.2022 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега