Таравари за дисциплинската против Илиевски: Наместо да го охрабрат и поддржат го казнуваат

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, ја коментира одлуката на Државниот просветен инспекторат да покрене дисциплинска постапка против просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски на Фејсбук.

Тој го обелодени скандалот со незаконско унапредување во наставно научни звања на тројца јавни функционери, по што за него е покрената дисциплинска.

- „Место да се охрабрат и да се поддржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат.
Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата“, напиша Арбен Таравари на Фејсбук.

Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат. Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега