Таравари упати честитки по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам испрати честитка до верниците во која повика на поголема меѓусебна грижа во услови кои ги наложи пандемијата со коронавирусот.

– Среќен Бајрам на сите. Светот не минува низ лесни времиња, се чини дека пораката за целата оваа ситуација е повеќе грижа едни за други, помалку себичност, нималку итрост и неправда. Здравје и просперитет, стои во честитката на градоначалникот Таравари.

Раководството на гостиварската муфитинија денеска порача, традиционалните посети кои верниците ги практикуваат за време на празникот да ги сведат на што помал број и во покус рок. Доколку имаа можност и услови, утринската молитва да ја направат во домовите, а доколку се решат да дојдат во џамиите, да ги почитуваат мерките за заштита.

Поради коронавирусот, муслиманите од Гостиварско оваа година не отидоа на аџилак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа