Таравари најави протести: „Доста е со полнење на кутии“

Алијансата на Албанците и Алтернатива ќе одржат протестен марш со порака „Доста е“, со цел да го изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите, најави генералниот секретар на АА , Арбен Таравари во отвореното студио на ТВ 24.

Протестот ќе се одржи во понеделник и ќе почне од скопски Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија.

-Пораката ќе биде доста е веќе со полнење на кутии. Оставете го народот сам да си гласа, да си ја изрази политичката определба и волја. Не ги злоупотребувајте гласовите и не гласајте по неколку пати- изјави Арбен Таравари, генерален секретар на АА.

Таравари обвини дека ДУИ направиле изборен инженеринг и дека најочигледен пример каде имало кражба на гласови и полнење кутии бил Зајас каде имало дури 80 отсто излезност, а според нивни сознанија гласале и починати и отселени лица.

Коалицијата АА/ А поднела повеќе тужби пред Управниот суд, но не очекуваат позитивен исход, затоа што меѓу судиите е и Субхи Јакупи, поранешен член на ДИК од ДУИ.

Во однос на преговорите за формирање Влада, Таравари рече дека за нив се отворени сите опции, но главен услов е ДУИ да не биде дел од парламенатрното мнозинство.

-Сите математики се можни. Сè што прави 61, каде што ДУИ не е дел од Влада, ние сме тука. Мислиме дека и кај Албанците треба еднаш да се случи промена, после 18 години- објасни Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега