Таравари: Коалиција со ДУИ е невозможна мисија, ќе направиме сѐ, тие да не бидат дел од Влада

Имаме имиња на луѓе кои што се починати, а гласале и тие се дадени во ДИК и во ОБСЕ, а има и луѓе кои не се во Македонија , а гласале, вели Арбен Таравари од Алијанса за Албанците за Сител.

Може да проверите, а сите овие преговори и забелешки се отфрлени и нормално ќе ги тужиме за тоа. Многу е едноставно нека земат едно гласачко место во Зајас, нека одат таму и нека проверат. Ако половина од тие што стојат дека гласале се во Зајас, ќе дадам неоповиклива оставка од сите функции и никогаш нема да се занимавам со политика.

На прашање за коалиција со ДУИ, Таравари вели дека тоа е невозможна мисија.

- Ние да седнеме со ДУИ во иста влада е невозможна мисија, иако ова се мои лични ставово, во 2016 направивме што направивме, во 2017 потпишавме заедниччка декларација и ја спасивме ДУИ на некој начин, а потоа бевме избркани од партијата. Нема да дозволиме ДУИ да игра игри, ќе се обидеме да се направат други комбинации и да наравиме Влада каде ДУИ нема да биде дел и гарантирам дека доколку останат во опозиција од ДУИ ќе настанат 3-4 нови партии, ќе има огромен разор и ќе паднат како кула од карти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега