Таравари ги отфрли обвинувањата на ДУИ: Зарем на тие со презиме Таравари да им забранам да работат

 

Општина Гостивар не овозможува градби без потребната документација, вели градоначалникот Арбен Таравари на обвинувањата од огранокот на ДУИ дека со акциите за рушење на дивоизградени објекти, ја сокрива вистината и го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти.

- За тој објект има записник  како и за неколку други кои надлежните инспекциски служби ги направиле и за нив се води постапка. Во Гостивар има четворица инженери и шестмина доктори со презиме Таравари, зарем треба да им забранам да работат. Доколку постои поврзаност или заеднички интерес на фирмите на моите роднини и локалната самоупарва треба веднаш да бидам пријавен кај надлежните институции, рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

На конференција за новинарите потпретседателот на огранокот Башким Хасани посочи дека фирма на близок роднина на гостиварскиот градоначалник  гради објект за домување на место кое е предвидено за спортски терени во населбата осма зона.

 

- Со непостапувањето на инспекциски служби и преземање на мерки, подразбираме дека Таравари го поддржува и охрабрува урбанистичкиот хаос.

Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини. Тој, декларативно се залага за развој на спортот, но во реалноста со овие негови дела ја уништува иднината на секој млад човек и на секој жител на оваа населба, рече Хасани.

 

 

 

10.08.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега