Таравари: Ако нема датум за ЕУ треба да има избори

Ако не се добие датум, логично би било да се оди на предвремени извори. Недобивањето на датум би можело да значи огромно разочарување кај јавноста, иако процесот на НАТО интеграција завршува, па, логично би било да се бара повторна доверба од граѓаните.

Ова за Лидер го истакнува  градоначалникот на Гостиват и функционер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари.

- „Имаше и јавни анкети за тоа кои министри треба да се сменат. Тоа е, секако, одлука на премиерот, а како граѓанин на оваа држава се надевам и, пред сѐ, посакувам да се направат промени со луѓе кои имаат потенцијал за реформирање на институциите на системот. За мене тоа е најважното, промените да се направат онаму каде што се предизвикува гниењето и трулежот на власта и системот“вели Таравари за „Лидер“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега