Таравараи: Нема да учествуваме во пазарење за Албанец премиер

Арбен Таравари од Алијансата за Албанците порачува дека неговата партија нема да учествува во политичкото пазарење што го наметнува ДУИ околу изборот на Албанец за премиер.

– Јас и претходно споменав дека премиерот, оној што би бил на челна позиција, не треба да се гледа како Албанец, Македонец, Турчин, туку како мудар, стабилен и некорумпиран политичар. Етноцентризмот нема да биде нашата определба, туку доброто на секој граѓанин во оваа држава. За оваа држава да бележи напредок најмалку од сѐ ѝ е потребно да има политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“. Ние не сакаме да учествуваме во таков тип пазарења. Она што го направи Ахмети беше повеќе изборен трик, отколку една грандиозна идеја за обединување на Албанците во државата, вели Таравари во интерју за „Слободен печат“.

Тој не исклучува можност тесните резултати да доведат до нови избори заедно со локалните.

– Факт е дека која било комбинација на Влада ќе биде со гранични бројки. Мислам дека ако не успееме да излеземе на крај со оваа ситуација, не би било чудно со локалните избори да се одржат и нови парламентарни избори, за да се состави постабилна влада. Mислам тука, пред сè, на бројот на пратеници. Ни претстои тежок период, а во таков сме веќе подолго време – пандемијата со коронавирусот и нејзините последици, економскиот дефицит…За која било владина комбинација овие предизвици се навистина тешки, вели Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега