Танасоски: Сите гранични премини се под видео надзор, не е возможно да се внесува опасен отпад

Царинската декларација, товарниот лист е клучно за цариникот. Во систем се одлучува на каков канал ќе оди. За одреден вид на стоки како што е отпадот не е поволно да се отвора на царинската контрола. Но доколку се увиди нешто што не соодветствува со наведеното тој оди на црвен канал каде детално се проверува, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, директорот на царина, Ѓоко Танасоски.

Прашан што значат тие детални проверки и како се проверува дали отпадот е безбеден, директорот на царина вели дека не е возможно да се вршат детални проверки за секоја пратка која пристигнува во земјата.

-Голем дел од отпадот кај нас се преработува и во таква форма се извезува. Не е возможно, по ниедна конвенција да се проверува се што влегува во државата. Ние на гранилните примени имаме начин на проверка дали се работи за радиоактивен или нерадиоактивен отпад. Одредени компании во минатото од 2012 до 2014 користеле отпад за гориво и во друг контекст го преработувале. Секој компанија различнио го увезувала. Увезувани се и железнички. Она што во Бугарија е констатирано е дека не се работи за токсичен отпад од Италија. Секако дека и нашите институции ќе испитаат во акредитирани лабаратории онаму каде што е потребно. Ние како царинска управа ги правиме контролите кои ни ги дефинираат институциите. Доколку се побара да земеме примерок тоа ќе го направиме- вели Танасоски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Танасовски не даде конктретен одговр на прашањето колку случаи на корупција се покренати во изминатите години, ниту оценка како е возможно Македонија да има најмал број на покренати случаи за корупција во регионот.

-Не се согласувам со ставот дека царината е корумпирана. Јас морам да кажам дека поединечната корупција не смее да ја фрли дамката врз царинската управа. Имаме служби кои континуирано вршат испитување дали има или не корупција. Она што мене ме фрапира што дури 21% од учесниците во царинската постапка им одговара да има царинска корупција.Секаде каде што има основ ние постапуваме согласно законот. Можеби Пивоваров зборувал за некое време кога камерите се исклучувале. Ние имаме дежурен центар каде што се врши контрола на камерите. Откако јас сум директор таква работа се нема случено- вели Танасоски.

Сите гранични премини се под видео надзор, истака Танасоски.

-Клучно за новиот Закон за увоз на возила е еколошка компонента. Возилата до 10.000 евра ќе бидат оптеретени само со еколошката компонента. Во минатото тие возила нема никаква давачка а беа едни од најголемите загадувачи- рече Танасоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега