Тамара со емотивна порака за Влатко Илиевски ја потресе јавноста: „Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб“

На денешен ден, 6-ти јули, пред точно две години, на 33-годишна возраст Влатко Илиевски трагично го загуби животот.

Неговата пријателка Тамара Тодевска, секогаш со тага се присетува на убавите денови со нејзиниот Влатче.

Овој тажен ден не може да остане незабележан, па така Тодевска на својот Фејсбук профил објави емотивна порака посветена за својот најдобар дургар.

„Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив. Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, „Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”... Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде. Те нема. Еве веќе две години. Нема ден да не помислам на тебе“, напиша Тамара меѓу останатото. Со оваа порака допре најдлабоко во душата на сите негови некогашни пријатели, фанови, поддржувачи.

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега