Тамара и тимот дочекани на скопскиот аеродром: „Никој не доминираше повеќе од нас на Евровизија“

По историскиот успех на Тамара Тодевска и „Горда“ на евровизискиот натпревар во Израел, таа како вистински победник беше пречекана на скопскиот аеродром, пренесе МИА.

Видно возбудени, но и изненадени од срдечниот пречек насмевките на задоволство и изненадуавње на се симнуваа од лицата на тимот кој на Македонија и го донесе истористиот пласман, а малку недостасуваше и победа доколку имаше повеќе поени од телевоутингот.

„Среќна сум што сите бевме обединети изминативе денови и што ве направив горди. Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровисискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. “, кажа Тамара Тодевска по пристигнувањето во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега