Тајна криена 100 милиони години: Откриено што е закопано под тоните мраз на Антарктик

 

Стотина скриена потреси се скриени под Антакртичкиот мраз, се наведува во новото истражување.

За тоа да го докажат тим од научници со месеци летал околу источниот Антарктик. Нивните конечни резултати ја побиваат старата геолошка хипотеза.

Истражувачите имено верувале дека тежината на масивни замрзнати плочи на континентот е прицврстена за кора под нив, со што се спречува да се движи. Меѓутоа, новите резултат сугерираат дека источната страна од Антарктикот има толку потреси како и другите, физички слични делови од светот.

„Недостатокот од забележани сеизмички активности не е последица на недостакот на случувања, туку недостаток на инструменти кои се доволно близу за да ги регистрираат“, напишала авторката Аманда Лоф.

Лоф и нејзините истражувачи патувале од точка до точка ширум континентот и поставиле низа сензори кои откриле 27 помали потреси во 2009 година, во распон од големина на 2,1 до 3,9. Овие потреси никогаш претходно не биле откриени поради предизвикот за било какво истражување на празно, ладно место.

 

 

 

14.06.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа