Тајландски готвач се „навлече“ на македонска песна- Марјан Коцев има фан од Тајланд (видео)

Фолк-пејачот Марјан Коцев со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пофали дека го запознал својот фан од Тајланд, Тонг. Тонг стана познат во Македонија откако на социјалните мрежи се споделуваше видео во кое тој ја пее песната „Ти само ти“ од Коцев, додека готви во ресторан во Сиднеј чиј сопственик е Македонец.

Пејачот, кој беше на турнеја во Австралија, откри дека пред да си замине од Сиднеј посакал да го запознае момчето што ја сака неговата песна.

Откако Марјан го претстави Тонг, тие двајцата заедно ја испеаја „Ти само ти“.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега