Тачи: Одбив да присуствувам на средбата во Охрид бидејќи Косово не сака „Мал Шенген“ туку европерспектива

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, јави Танјуг.

Тој наведе и дека Србија, на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, „намерно го занемарила Косово“.

Според Тачи, оваа регионална иницијатива е „бесмислена “ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

Се залагаме за надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава, напиша Тачи.

   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега