Тачи: Избегната е поделбата на Косово

Како што пишува косовскиот весник „Трибуна“, премиер Хашим Тачи изјави за Гласот на Америка дека е избегната поделба на Косово, автономија внатре во државата и создавање на нова Република Српска.

Тачи изјави дека изборите во северните општини со српско мнозинство го отвориле патот за политичка и физичка интеграција на тоа подрачје.

 

Сега сме во многу важна фаза на примена на Бриселскиот договор и договоривме поединечна интерграција на полицајците во институциите на Косово, изјави тој.

10.12.2013 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега