Тачи и Помпео за конечен мировен договор меѓу Белград и Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи се сретна во Вашингтон со американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Со него разговарал за дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

-Конечниот мировен договор меѓу Косово и Србија ќе значи мир за целата југоисточна Европа, вртење кон иднината, како и развој и просперитет, се вели во соопштението од кабинетот на Тачи.

Тој истакнал дека продолжува да се координира секој чекор со Соединетите Американски Држави.

Тој, исто така, му пренел на Помпео длабока благодарност од народот и косовските институции поради континураната поддршка на САД во последната деценија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега