Таа ќе биде најмладата премиерка на светот: Финската политичарка пораснала со својата мајка и нејзината девојка

Финската политичарка, 34-годишната Сана Марин ќе стане, ако биде избрана за нова претседателка на владата, најмладата премиерка на светот.

Социјалдемократската партија ја избрала  Марин за кандидатка за премиерка откако досегашниот премиер Анти Рине поднел оставка.

Марин, како што се очекува, ќе полоѓи заклетва оваа недела за да ја добие поддршката од парламентот. Ќе ја предводи коалиционата влада на левиот центар со уште четири странки кои се водени од жени кои три се помлади од 35 години.

 

Кога ќе ја презема должноста, Сана Марин ќе биде најмлада премиерка на светот - помлада од 39-годишната премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардем, и 35-годишниот премиер на Украина, Олексиј Хончарук.

Би-Би-Си пишува дека Марин пораснала во таканаречено „виножито семејство“, односно дека мајка ѝ ја одгледувала заедно со својата партнерка во изнајмен стан. Никогаш не го запознала својот татко.

„Тишината беше најлоша. Никогаш не бевме признаени како вистинско семејство. Дури последниве години стана нормално да се зборува за семејствата како моето“, раскажала таа во интервју за финскиот портал Менаисет.

Во истото интервју открила дека како дете се чувствувала „невидливо“ затоа што не можела отворено да зборува за свото семејство, но и дека секогаш ја имала поддршката на својата мајка.

Исто така, прва од своето семејство одела на факултет.

„Имав безбедно семејство, едукација и прилика да ги остварам своите соништа. Желбата да им обезбедам безбедност на сите е она што ме привлече во политиката“, изјавила таа неодамна.

Брзо напредувала во Социјалдемократската партија чиј пратеник станала во 2015 година. Од јуни е министерка за сообраќај. Има 22-месечна ќерка со својот долгогодишен партнер Маркус Раиконен.

На прашањата за своите години, одговорила дека никогаш не размислувала ни за доба ни за пол.

„Мислам дека причините поради кои влегов во политиката и на работите за кои ја добивме довербата на бирачите“, рекла таа за новинарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега