Таа е новата Мис Германија, првпат во 93. години избрана ваква победничка - целосна промена на натпреварот

Натпреварот за Мис на Германија е актуелно од 1927 година, но од минатиот викенд многу работи се поинакви, а историјата е одново испишана...Титулата ја понела Леона вон Хас, која во победничкиот говор меѓу другото рекла и кратка реченица која е во контекст со тоа што токму таа ја земала главаната награда.

„Ова е ноќ на силни жени“ истакнала најубавата Германка, која има 35 години, а победила, верувале или не, во конкуренција со дами на возраст до 18 години.

Таа е најстарата мисица во историјата на ова 93-годишно постоење, односно прва мајка на која тоа ѝ тргнало од рака.

Зеленооката убавица истакнала дека сака да ја симболизира модерната жена од 30 години, која ќе покаже колку вредат самоувереноста и самостојноста.

 
 
 
View this post on Instagram

Sun’s out, buns out! (Stretch marks, scars, cellulite and all the good things included). 

A post shared by Leonie von Hase (@leonievonhase) on Feb 1, 2020 at 4:58am PST

„Женственоста не се дефинира со облека. Не ми се потребни фустани за да ја изразам својата женственост“, нагласила таа и додала дека најдобро се чувствува во панталони.

Инаку, овогодинешниот натпревар за МИС во Германија не бил специфичен само по победничката, туку и по тоа што во жири седеле само жени.

А, уште поголемо изненадување било што немало ревија во костими за капење. Натпреварувачките се покажале во вечерни фустани и лежерна облека, со високи потпетици, но и во лежерни чевли без високи потпетици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега